Skip to content Skip to footer

CFMOTO е бренд создаден за возачи што бараат повеќе сила, стабилност и сигурност, без разлика дали станува збор за мотоцикли, ATV модели или возила за сериозна теренска употреба.

Во Веди Моторс можете да ја разгледате актуелната понуда на CFMOTO модели, достапни за брза нарачка. Дел од моделите се достапни и веднаш на залиха, затоа за точна достапност, боја и рок на испорака, контактирајте нè пред нарачка.

CFMOTO модели за секој тип на возење

CFMOTO нуди широка палета на возила за различни потреби и стилови на возење. Од naked и adventure мотоцикли за град и отворен пат, до ATV и Side-by-Side модели за терен, работа и рекреација.

Без разлика дали барате мотор за секојдневно возење, touring модел за подолги рути или ATV за земјени патишта и outdoor употреба, CFMOTO има модели што комбинираат модерен дизајн, практична опрема и силни перформанси.

Зошто CFMOTO?

CFMOTO е интернационален powersport бренд основан во 1989 година, со долгогодишно искуство во развој и производство на мотоцикли, ATV, UTV и Side-by-Side возила.

Брендот е препознатлив по модели што комбинираат силни мотори, модерна технологија, практична опрема и конкурентен однос цена-квалитет. CFMOTO возилата се продаваат на многу светски пазари и се избор за возачи што сакаат сигурно возило со модерен дизајн и сериозна употребна вредност.

Во понудата се вклучени модели за град, отворен пат, подолги патувања, теренско возење, работа и рекреација.

Брза достапност

Моделите се достапни за брза нарачка, а дел од нив веднаш на залиха.

3 години гаранција

Сите CFMOTO модели доаѓаат со 3 години гаранција.

Плаќање на рати

Можност за кредитирање преку банка или IuteCredit.

Како да нарачате?

Изберете го моделот што ве интересира и контактирајте го тимот на Веди Моторс за проверка на достапност, боја, цена, рок на испорака и можност за плаќање на рати.

Можете да нè посетите во продажниот салон или да нè контактирате телефонски за повеќе информации.

Веди Моторс
Индустриска 1, Кочани 2300

075 450 001